Connect with us

Фудбал

Анчелоти го најави финалето во ЛШ: „Двајцата сигурно ќе ја добијат својата шанса“

Реал Мадрид одамна го реши прашањето за шампион на Шпанија и полека се подготвува за финалето на Лигата на шампионите.

Тоа не може да се каже за нивниот противник, тимот на Ливерпул, кој до самиот крај ќе се бори со Манчестер Сити за англискиот шампион, а треба да игра во финалето на ФА Купот против Челзи.

Реал Мадрид синоќа на својот стадион го совлада Леванте со 6-0. На прес-конференцијата по натпреварот, менаџерот на Лос Бланкос, Карло Анчелоти ги сподели со новинарите своите планови за тактика за финалето на Лигата на шампионите.

„Треба да биде 4-4-3 што понекогаш може да се промени во 4-4-2. Нема посебен систем. На пример, против Сити бевме 4-3-3, потоа го доближив Модриќ до Родри и отидовме во 4- 4-1-1. Можеби зависи од тоа како сакаме да извршиме притисок врз противникот“ – изјави Италијанецот.

Анчелоти беше прашан и дали Валверде и Родриго ќе ја добијат својата шанса во финалето на Лигата на шампионите. И двајцата воодушевија од својата форма во последните недели, па нивното присуство на пресметката со Ливерпул стана речиси неизбежно.

„И двајцата ќе ја добијат својата шанса“, кратко изјави Анчелоти.

Валверде беше многу важна фигура за Анчелоти и во четвртфиналето и во полуфиналето против Челзи и Манчестер Сити.

Уругваецот играше од самиот почеток, а Родриго, од друга страна, постигна три гола на последните три натпревари, а најмногу им даде шанса на Лос Бланкос да играат продолженија во реваншот против Манчестер Сити постигнувајќи два гола во 120 секунди.