Connect with us

Фудбал

Анчелоти и Наполи се разделуваат на крајот на сезоната, Де Лаурентис поглед го врти кон поранешниот тренер Јуве!

Наполи и Карло Анчелоти по се изгледа дека се разделуваат на крајот на оваа сезона. Ова го потврдуваат и италијанските медиуми, кои неодамна објавија дека Де Лаурентис започнал да бара замена.

Споменати се имиња како Симоне Инзаги и Роберто Де Зерби, но како прв кандидат за тренер на Наполи се шпекулира дека е Масимилијано Алегри.

Поранешниот тренер на Јувентус во моментов е слободен, иако во Англија се шпекулираше дека ќе го преземе Манчестер Јунајтед. Де Лаурентис се чини дека ги користи сите средства и не е исклучено Алегри да биде убеден да го преземе Наполи.

Ова сигурно би имало многу смисла, особено по преселбата на Сари во Јувентус, тренерот кој е познат по неговата врска со Наполи.