Фудбал
Анчелоти: На Пикфорд му жал за Ван Дајк
Тренерот на Евертон, Карло Анчелоти изјави дека голманот на неговиот тим Џордан Пикфорд е крајно тажен поради повредата што му ја нанесе на стоперот на Ливерпул, Виргил Ван Дијк.
Голманот на градскиот ривал на Ливерпул грубо се втурна во Ван Дијк и така ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото на Холанѓанецот. Поради оваа повреда Ван Дијк може да ја пропушти целата сезона, но не е сигурно колку ќе отсуствуваат од теренот.
Ливерпул не го стави Ван Дијк на списокот со 25 играчи што ќе играат во Премиер лигата оваа сезона, што доволно зборува за сериозноста на повредата.
„Да бидеме јасни, навистина сме тажни за повредата на Ван Дијк. Сите се надеваме дека тој брзо ќе закрепне и дека ќе биде добро. Имаше контакт со Џордан Пикфорд, тоа е многу лош тајминг. Но, факт е дека во Премиер лигата се игра брза фудбал и не е тешко понекогаш да се доцни. Џордан малку задоцни, но неговата намера беше да ја фати топката и да не го повреди Ван Дијк. Би било навистина премногу да се каже дека го сторил тоа намерно. Сигурен сум дека Ван Дијк знае дека Џордан е навистина тажен , навистина разочаран“, рече Анчелоти.
ВАР ја разгледа ситуацијата, но не го казни Пикфорд. Донесена е одлука за офсајд на Ван Дијк, а контактот се случи по офсајд. Судиите не сметаа дека контактот е толку силен за да му покажат црвен картон на Пикфорд.