Connect with us

Фудбал

Анчелоти не чека повик од Милан, понуди има од Лондон

Италјанскиот стратег, Карло Анчелоти е на добар пат повторно да биде тренер во Премиер лигата и тоа повторно во Лондон.

Италијанецот во септември го напушти Баерн Минхен од тогаш е поврзуван со Милан, италијанската репрезентација, но и со неколку англиски клубови.

Арсенал е можна опција, како и Тотенхем, ако Покетино ja прифати поканата од Париз или Мадрид, тука е и Челзи, кој е најмалку веројатен бидејќи Анчелоти е пријател со Конте и не би сакал да го наследи.