Connect with us

Фудбал

Анчелоти откри тројца фудбалери кои позитивно го изненадија, но ги нема Бензема и Винисиус

Реал Мадрид игра одлична сезона.

Кралевите прво го освоија шпанскиот Суперкуп во Саудиска Арабија, а неодамна ја обезбедија титулата во Шпанија и се пласираа во финалето на Лигата на шампионите. Единствена дамка засега е испаѓањето од Купот на кралот.

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти издвои тројца играчи на Лос Бланкос кои позитивно го изненадија.

“Не бев разочаран од ниту еден од нив. Бев изненаден од оние кои помалку ги познавав, а тоа се Федерико Валверде, Родриго и Едуардо Камавинга. Винисиус не ме изненади бидејќи го има овој талент, тој го докажа тоа, а сега е уште подобар во крајот“, изјави Анчелоти на прес-конференција, пренесува Marca.

Во исто време, Карло Анчелоти зборуваше и за ситуацијата со Белгиецот Еден Азар, најскапото засилување на Реал и тотален неуспех досега.

“Планот на Азар е многу јасен. Тој останува и е многу мотивиран бидејќи не беше на нивото од минатото и сака да го покаже својот квалитет. Сака да докаже дека е добар”, изјави трофејниот тренер.

Да потсетиме, финалето на Лигата на шампионите е закажано за 28 мај во Париз, а противник на Реал Мадрид ќе биде Ливерпул.