Connect with us

Фудбал

Анчелоти приреди шоу и го натера срамежливиот играч на Реал да излезе пред илјадниците фанови (ВИДЕО)

Фудбалерите на Реал Мадрид синоќа со своите навивачи ја прославија 15-та титула во ЛШ, која ја постигнаа со победата во финалето на Лигата на шампионите над Борусија Дортмунд.

Мадридскиот тим славеше со резултат 2:0 и повторно ја освои титулата за најдобар тим на Стариот континент, а славјето беше интересно.

Карло Анчелоти доминираше, а за време на неговиот говор за пушењето кубански цигари реши на сцената да покани еден од најмладите фудбалери на Реал.

Станува збор за Арди Ѓулер, за кој самиот Анчелоти рече дека е многу срамежлив и токму затоа го покани пред илјадниците фанови.

“Пушев пура, пеев, танцував со Едуардо Камавинга, но сега сакам едно. Ви претставувам едно многу интересно момче… Арда! Тој е многу срамежлив. Дојдете”, рекол Анчелоти.

Навивачите го скандираа името на младиот Турчин, а потоа Ѓулер со нежна насмевка излезе пред нив и рече: „Ние сме семејство, ви благодариме за се“.