Connect with us

Фудбал

Анчелоти прв фаворит за селектор на Италија

Карло Анчелоти е се поблиску до селекторското место на националниот фудбалски тим на Италија, откако „Азурите“ под водство на сегашниот селектор Џамперо Вентура, не успеаја да се квалификуваат за Светското првенство, пишуваат медиумите на Апенинскиот Полуостров.

Италија по 60 години повтоно ќе пропушти еден Мундијал за што Вентура му се извини на италијанскиот народ, но не поднесе оставка како што се очекуваше во јавноста.

Според „Кориере дело Спорт“ иако селекторот не поднесе оставка, тој ќе биде отпуштен.

Фудбалската федерација на земјата ќе стори се за да го убеди Анчелоти да ја преземе екипата, иако тој изјави дека сака да продолжи да работи во клупскиот фудбал.