Фудбал
Андре Силва на лекарски прегледи во Севиља
Португалскиот напаѓач Андре Силва по се изгледа дека во наредните денови ќе го промени клубот и кариерата ќе ја продолжи во шпанската Ла Лига.
Силва минатото лето пристигна во Милан како големо засилување од Порто, но не успеа да ја оправда довербата на „Сан Сиро“. Италијанските медиуми вчера пишуваа дека Силва сигурно ќе го напушти Милан и кариерата ќе ја продолжи во дресот на Севиља која е подготвена да го доведе на позајмица со опција за откуп на договорот на крајот од сезоната.
„Football Italia“ утрово пренесе дека португалскиот напаѓач синоќа стигна во Севиља и дека утрово треба да ги направи лекарските прегледи и официјално да ја потпише соработката со шпанскиот клуб. Севиља за оваа позајмица ќе мора да плати околу пет милиони евра на Милан и додатни 30 милиони на крајот на сезоната за откуп на договорот.
Португалскиот напаѓач во минатата сезона во дресот на „Росониерите“ одигра 40 натпревари во сите натпреварувања и постигна десет голови. Ппсле Никола Калиниќ, Андре Силва ќе биде вториот напаѓач кој ова лето среќата ќе си ја побара во некој друг клуб.