Connect with us

Фудбал

Андре Силва оди на позајмица во Турција

Португалскиот напаѓач Андре Силва ќе го напушти Милан.

Како што пренесуваат турските медиуми, челниците на Галатасарај договориа со „Росониерите“ едногодишна позајмица на 22-годишниот фудбалер кој немаше добра сезона меѓу „Росониерите“.

Платен беше околу 40 милиони евра, но тие средства не ги правда. Постигна само 10 голови на 40 натпревари и константно во текот на сезоната се зборуваше за неговата продажба.

Вулверхемпто се нудеше неколку пати. Договорот наводно бил многу блиску, но на крајот од трансферот не се случи ништо. Потоа Галатасарј ја искористи шансата, успеа да ја заврши работата и Силва во наредната сезона ќе го носи дресот на овој клуб.

Не е познато колку турскиот великан ќе издвои парични средства за позајмицата на овој фудбалер, но сигурно е дека за нив ќе Силва претставува големо засилување.