Connect with us

Фудбал

Андреа Пирло зборуваше за новата сезона и го врати сјајот на лицата на навивачите на Јувентус

Легендарниот италијански играч за врска го презеде кормилото на „Старата дама“ ова лето и ќе се обиде да го донесе 10-то по ред Скудето.

Титулата во Италија, што се однесува до Јувентус, веќе не е ексклузивна цел. Тоа е некако здраво за готово, па желбата и на лидерот на клубот и на навивачите е титула европски шампион. Минатата сезона Јуве отпадна рано, сега сакаат да одат до крај, тврди Пирло.

„Постои голема желба и големи очекувања, и ние сме тука да дадеме се од себе. Сакаме ново Скудето, но исто така ја сакаме Лигата на шампионите. Ќе дадеме се од себе за да ги израдуваме нашите навивачи“, рече Пирло и додаде:

„Патот ќе биде долг, немаме многу време за работа, особено не со отсутни играчи. Момците се желни да работат и најдоа нова методологија со некоја нова пракса што веќе им носи ентузијазам. Инаку имав убави впечатоци кога бевме сите тука, некои отидоа со репрезентациите, но ние продолжуваме да работиме со оние што се таму. Се надевам дека ќе пренесам некои од концептите на кои работиме уште првиот ден и се надевам дека ќе пронајдам нешто на средина од теренот“.

На што работи Јуве во последно?

„Агресијата и желбата да ја вратиме топката откако ќе ја загубивме е нешто на што работиме многу. Гледајќи ја последната Лига на шампиони, тимовите кои стигнаа до крајот беа оние што се обидоа да ја вратат топката што е можно побрзо. Тоа мора да биде карактеристика што нè прави да се разликуваме“.

За поранешниот играч на Јувентус беше се полесно бидејќи тој веќе познаваше многу луѓе во клубот.

„Веднаш се чувствував пријатно. Ги познавав сите луѓе кои работат тука. Секако беше многу корисно“, заклучи Италијанецот.

Пирло е премногу мотивиран и оптимист, ќе видиме дали тоа може да биде доволно за поранешниот генијален играч да го води тимот од Торино до височини како тренер.