Connect with us

Кошарка

Андреј Јакимовски лидер на кошаркарската репрезентација до 18 години на Европското првенство

Кривопаланечкиот спортски амбасадор, кошаркарот Андреј Јакимовски, беше лидер на играта на почетниот натпревар Македонија – Исланд на стартот на Европското првенство -Б дивизија за кошаркари до 18 години кое синоќа започна во Скопје.

Домаќин на првенството од 27 јули до 2 август е Македонија, Македонска кошаркарска федерација, а учествуваат 24 младински репрезентации.

Македонските репрезентативци остварија прва, значајна победа на воведниот меч против Исланд со 62-60, а Андреј Јакимовски според официјалната ФИБА статистика е лидер на натпреварот со најголем број, 12 постигнати поени и 11 скокови. Сите поени Јакимовски ги постигна од зад линијата 6,75 метри,со 50 проценти успешност во реализацијата, а не изостана и неговата препознатлива тимска игра со асистенции и дефанзивни но и офанзивни скокови под обрачите.

Најистакнати поединци на мечот се  Ваљмир Какруки со вкупно 9 на мечот, 10 скокови , 6 асистенции и  коефициент на ефикасност 19 и Лука Стојановски кој во пресвртните , одлучувачки моменти, постигна значајни поени.

Јакимовски втора сезона по ред настапува за тимот на ПМС Торино, Италија, каде во измината сезона, 2017/18 е прогласен за најдобар странски играч кој освен што има најдобра статистика, остварил и највисок успех и просек на едукативниот дел.

Следниот дуел на првенството избраниците на Панче Милевски го играат вечер, против Холандија, со почеток од 18 часот и 45 минути, а во групата Ц Македонија  на ова првенство ќе се соочи и со Луксембург, Израел и Чешка.