Connect with us

Фудбал

Англичаните бесни за судијата во полуфиналето на ЕП: Местеше натпревари и беше исфрлен од фудбалот

Управното тело на европскиот фудбал (УЕФА) одреди судии за полуфиналето на Европското првенство, а делегирањето на судија на натпреварот меѓу Холандија и Англија предизвика вистински шок во англиската фудбалска јавност. Со натпреварот меѓу Шпанија и Франција вечерва започнува полуфиналето на Еврото, а тој дуел му припадна на словенечкиот судија Славко Винчиќ.

За тоа време, судијата на вториот натпревар привлече големо внимание. Натпреварот меѓу Холандија и Англија ќе го суди германскиот тим предводен од Феликс Цвејер. Ќе му помагаат Стефан Луп и Марко Ахмулер, додека четврти судија ќе биде Даниел Зиберт.

Бастијан Данкерт е задолжен за ВАР. Ништо не би било спорно, доколку англиската фудбалска јавност не полудеше кога го слушна името на главниот судија. Имено, Феликс Цвејер е човек кој е суспендиран на половина година поради местење на натпреварите кои ги судел. Цвејер беше казнет од Германскиот фудбалски сојуз на шест месеци во 2006 година поради местење на натпревар кој го судеше како асистент кај Роберт Хојцер. Цвејер бил еден од оние кои го разоткриле Хојзер и бил клучен сведок, па затоа добил забрана за само шест месеци. Од друга страна, Хојзер доби доживотна забрана.

Интересно, англиската ѕвезда Џуд Белингем има историја на проблеми со Цвејер и додека фудбалерот настапуваше во Бундеслигата. Белингам се осврна на вмешаноста на Цвејер во тој голем скандал по поразот на неговиот тогашен клуб Борусија Дортмунд од Баерн во 2021 година.

“Можете да видите многу негови одлуки во текот на натпреварот. Му давате на судијата, кој веќе беше вмешан во местење на натпревари, да го суди најголемиот натпревар во Германија. Тогаш што можете да очекувате”, изјави вознемирениот Белингам.

И додека ќе биде интересно да се види како утре ќе се одигра средбата помеѓу Белингем и Цвејер во полуфиналето на еврото, неговиот соиграч Лук Шо изјави дека името на судијата не игра апсолутно никаква улога и дека мора да се почитуваат одлуките на УЕФА.