Connect with us

Кошарка

Антиќ: Мотивацијата го решава победникот во дербито против Партизан

Поранешниот македонски репрепрезентативец Перо Антиќ смета дека дерби дуелите меѓу „лутите“ белградски ривали Црвена звезда и Партизан ги решава само поголемата мотивација.

Вечерва овие двата тима ќе го одиграат дербито од 7.коло во АБА лигата, во кое двете екипи влегуваат со идентичен учинок од четири победи и два пораза.

„Од дерби пресметката не очекувам ништо друго, туку борба и да дадеме се од себе. Во ваков натпревар не решаваат ниту формата, ниту скаутингот, ниту подготовката, туку одлучуваат желбата за победа и срцето. Од последното српското дерби, пред 10 години, сум играл многу големи натпревари и освоив многу трофеи. Многу искуство се насобра, но ова е натпревар во кој што мора да сакаш да победиш, повеќе од противникот“, вели Македонецот.

Дербито меѓу Партизан и Црвена звезда ќе се игра во термиот од 21 часот.