Connect with us

Фудбал

Антонела објави видео од Меси како игра со децата, па му порача: „Остави ги нека победат“

Лионел Меси се обидува да го помине речиси целото слободно време со семејството.

Познато е дека Меси е многу приврзан за семејството, а после сите обврски што ги има кон клубот и репрезентацијата, слободното време најмногу се труди да го помине со синовите Тиаго, Матео и Киро, но секако и со сопругата Антонела.

Антонела вчера на Инстаграм објави видео на кое се гледа како Меси игра фудбал во својот двор со своите синови и навистина добро се забавува.

Но, она што многумина ги насмеа е пораката на Антонела до нејзиниот сопруг да ги остави децата да победат, и да биде помалку конкурентен отколку кога игра за ПСЖ.

Очигледно, Меси навистина не сака да губи дури и кога е во прашање забавата, а неговата сопруга решила да му го привлече вниманието дека понекогаш треба да ги остави своите синови да бидат победници на крајот.