Connect with us

Фудбал

Аргентина повторно без Меси за натпреварите со Мексико

Репрезентацијата на Аргентина повторно ќе биде без својата суперѕвезда Лионел Меси за претстојните пријателски натпревари со Мексико. Меси по Мундијалот 2018 одлучи да земе пауза од репрезентацијата на неодредено време.

Остава впечаток дека недостигаат и имињата на напаѓачите Гонзало Игуаин, Серхио Агуеро и Анхел Ди Марија, кои исто така не играле за „гаучосите“ по елиминацијата од Светското првенство во Русија.

Наместо тоа младите Лаутаро Мартинез, Мауро Икарди, Џовани Симеоне и Паоло Дибала повторно добиваат покана од Скалони.

Напаѓачот Ерик Ламела исто беше повикан во Аргентина, соопштија од фудбалската асоцијација. Фудбалерот на Тотенхем за последен пат игра за националниот тим во светските квалификации против Венецуела во 2016 година, но го пропушти поголемиот дел од минатата сезона и СП 2018 во Русија поради повреда на бутот.

Аргентина ќе игра против Мексико во Кордоба на 16 ноември и повторно со истата репрезентација четири дена подоцна во Мендоза.

МИА