Фудбал
Аргентина се соочува со казна од ФИФА
ФИФА отвори дисциплинска постапка против Аргентина за постапките на нејзините играчи за време на натпреварот од четвртфиналето на Светското првенство против Холандија.
Замените и тренерите на Аргентина навлегоа на теренот бидејќи откако Холанѓаните постигнаа два гола за да обезбедат продолженија. Имаше повеќе жестоки вербални размени на теренот откако Аргентина победи во пенал серијата по ремито 2-2.
Лионел Меси беше меѓу рекордните 17 играчи или членови на стручниот штаб на кои им беа покажани жолти картони за време или по натпреварот. Ова е рекорд на СП по покажани жолрти картони.
ФИФА соопшти дека дисциплински постапки се отворени и против Аргентина и против Холандија.
Двете федерации би можеле да ја добијат истата казна од 15.000 швајцарски франци што дисциплинската комисија на ФИФА и ја изрече двапати на Саудиска Арабија на ова Светско првенство поради тимско недолично однесување.
Аргентина најверојатно ќе добие потешка казна за влегувањето на теренот и вербалните напади врз судиите.
Аргентина во вторник ќе се соочи со Хрватска во полуфиналето.