Connect with us

Фудбал

Аргентинското чудо се сели во Манчестер: Познати се сите детали за трансферот

Одличниот аргентински напаѓач Џулијан Алварез кариерата ја продолжува во Манчестер.

За голгетерот на Ривер Плата беа заинтересирани многу големи и богати европски клубови, но тој на крајот го избра Манчестер Сити, кој бара долгорочно решение во нападот откако Серхио Агуеро го напушти „Етихад“.

Новинарот и експерт за трансфери Фабрицио Романо најави дека е постигнат договор и дека се ќе биде официјализирано следната недела.

Ривер ќе добие 18,5 милиони евра обештетување со бонуси, а Џулијан ќе потпише петгодишен договор со Сити.

Она што е во корист на Ривера е фактот што Сити го остави напаѓачот на позајмица до јули, па тој дури на крајот од сезоната ќе патува во Манчестер.

Алварез оваа сезона за Ривер Плата одигра 46 натпревари во сите натпреварувања и постигна дури 24 гола и додаде 15 асистенции. Дебитираше и за репрезентацијата на Аргентина, за која забележа пет настапи.

Покрај Сити, Алварез го сакаа и Баерн, Јувентус, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Барселона …