Connect with us

Фудбал

Арон Ремзи потпиша пред договор со Јувентус

Арон Ремзи после 11 години го напушта Арсенал, а како што стојат работите овој 28 годишен Велшанец веќе го одбрал својот нов клуб.

Кога стана извесно дека нема да ја продолжи соработката со „Топчиите“, интересот за Ремзи стана огромен, а доби понуди од големите европски клубови како Јувентус, ПСЖ, Баерн, Милан, Интер…

Меѓутоа, по се изгледа дека Ремзи веќе го одбрал својот нов тим. „Mediaset“ тврди дека Ремзи потпишал пред договор со Јувентус и од наредната сезона ќе се приклучи на овој клуб како слободен играч.

Доколку се испостави дека ова е точно, тоа ќе биде продолжување на одличното тргување на „Старата дама“, како што со години наназад во своите редови носеше врвни играчи без да потроши ниту еден цент.

Јувентус признава дека го сака Ремзи

Најголемиот италијански клуб потврди дека сака да го донесе Рем,зи во своите редови. Тоа јасно го истакна спортскиот директор на „Бјанконерите“ Фабио Паратичи.

„Тој е одличен играч и го следиме. Дали ќе премине во Јувентус? Се уште е член на Арсенал, не можам тоа да го потврдам“, кажа Паратичи.

Сепак, се чини дека неговиот потпис е завршена работа. Ремзи по 11 години ќе го напушти Арсенал каде одиграл 353 натпревари и постигна 61 погодок.

Платата кој би требало да ја добие во Јувентус исто така поприлично е висока и ќе изнесува 10 милиони евра по сезона.