Connect with us

Фудбал

Арсен Венгер ќе добие бронзена статуа и трибина од Арсенал

Фудбалскиот клуб Арсенал планира да постави голема статуа од бронза пред нивниот фудбалски стадион „Емирејтс“, но и една трибина од овој стадион да го носи името на францускиот стратег. Според медиумите, на овој начин клубот сака да му се заблагодари на Венгер за сето она што го направил во долгите години за овој клуб. Венгер замина во 2018-та, а претходно освои три шампионски титули, седум ФА Купа, а го водеше тимот цели 22 сезони.

Венгер веќе има негова биста поставена во внатрешноста на стадионот, односно во музејот.