Connect with us

Фудбал

Арсенал елиминиран од ФА Купот

Минатогодишниот победник на ФА Купот, Арсенал денеска е елиминиран во третата рунда од натпреварување од по поразот од 4:2 од второлигашот Нотингем Форест.

Резултатот на полувремето беше 2:1, откако Ерик Лихај ги донесе во предност домаќините во 20 минута, пред Пер Метерцакер да изедначи три минути подоцна. Во 44. минута Лихај повторно стрелаше за предност на Нотингем Форест.

Во второто полувреме, Бен Беретон погоди од белата точка за водство од 3:1 во 65. минута. Дени Велбек намали на 3:2 во 79. минута, а сите надежи на Арсенал ги урна Киран Доуел во 85. минута повторно од белата точка.