Connect with us

Фудбал

Арсенал го доживува најлошиот период под водство на Венгер

Вториот последователен пораз со 0:3 од Манчестер Сити во рок од 5 дена ги натера статистичарита на Островот да бараат дали имало полош период на Арсенал во ерата „Арсен Венгер“, која трае веќе 22 години.

Излегува не. Во 2018 година, Арсенал претрпел 7 порази од вкупно 13 натпревари на сите турнири, што е досега невидена ситуација за „топџиите“.

Арсенал се наоѓа на шесто место на табелата со 30 поени заостанување од лидерот на Премиер лигата, Манчестер Сити.

Со 45 поени и на 10 од четвртото место, тимот од Лондон никогаш не бил толку ниско во пласманот под водство на Венгер.

Една од големите фигури во историјата на Арсенал, Иан Рајт, по повод оваа статистика истакна: „Би сакал да ми посочат една недела од сезоната, која ќе го оправда присуството на Венгер на позицијата менаџер. Не би можеле да го направат тоа. Но, најлошото е што навивачите веќе почнаа да се навикнуваат на поразите“.