Connect with us

Фудбал

Арсенал му исплати на Аубамејанг цело богатство за да се ослободи од него

Арсенал и Пјер-Емерик Обамејанг го раскинаа договорот во последниот ден од преодниот рок.

Арсенал го „отпушти“ 32-годишниот напаѓач, кој како слободен играч ќе потпише договор со Барселона.

Инаку, за раскин на договорот, напаѓачот од Габон доби вистинско богатство од Арсенал бидејќи се работи за мултимилионска сума.

Според информациите од Англија, Обамејанг добил осум милиони евра за да го раскине договорот 18 месеци порано.

Тренерот на „Топчиите“, Микел Артета, во декември го отпушти искусниот напаѓач поради нарушување на дисциплината и неговото заминување беше логичен редослед на настани.

Последниот натпревар за Арсенал Обамејанг го одигра на 6 декември. Поради доцното враќање од патување во Франција, му беше одземена капитенската лента.

Инаку, тој во лондонскиот клуб заработуваше 350.000 фунти неделно, а нема дилема дека таа сума ќе биде многу помала во Барселона.