Connect with us

Фудбал

Арсенал на Енрике ќе му исполни само еден услов

Челниците на Арсенал ќе имаат полни раце работна ова лето за да најдат замена за Арсен Венгер, кој по 22 години одлучи да го напушти тренерското место на „топчиите“.

Венгер неодамна потврди дека повеќе нема да биде тренер на лондонскиот клуб во кој пристигна во 1996 година. Арсенал веќе почнаа потрага по нов тренер, а според англиските медиуми како опција имаат неколку познати тренерски имиња.

Еден од нив е и поранешниот стратег на Барселона, Луис Енрике, за кој многу фанови веруваат дека тој е најдобро решение. Сепак, Енрике прво инсистираше на тоа дека ќе му треба поголема сума на пари ова лето да донесе неколку засилувања, бидејќи не е задоволен од она што во моментов има на Емирати.

Но, Mirror денес објави дека шпанскиот стратег поставил нов услов за Арсенал. Очигледно, Енрике сака годишна плата од 15 милиони евра, што е многу повеќе од она што „топчиите“ во моментов го нудат.

Арсенал изјави дека се подготвени да го исполнат едно барање на Енрике и дека ќе мора тој да одлучи дали сака поголем буџет за засилување или плата што сака тој да си ја троши во текот на летото.