Connect with us

Фудбал

Арсенал се врати! Навивачите не го паметат ова од 2007. година

Арсенал како гостин го совлада Спортинг Лисабон во рамки на 3. коло од групата Е во Лигата на Европа, па така уште еднаш ги израдува своите навивачи кои оваа сезона конечно можат да уживаат.

Единствениот гол на натпреварот го постигна Велбек во 77. милан, а со овие три бода Топчиите останаа со максимален ефект на врвот во својата група.

Покрај тоа што Арсенал победува, игра и навистина убав фудбал, што муу дава надеж на навивачите дека оваа сезона би можела да биде подобра од претходните  во кои Топчиите беа под своето ниво.

За Арсенал ова беше 11. последователна победа, а таквиот низ последен пат беше забележан во 2007. година и беше прекинат во октомври.

Но овие 11 натпревари, Арсенал постигна 31 гол и прими девет.

Шанса за да ја продолжа импресивната серија, Топчиите ќе имаат веќе во следниот викенд, кога во 10. коло во Премиер лигата му гостува на Кристал Палас.