Connect with us

Фудбал

Артета веќе е фаворит за тренерската позиција во Арсенал

Микел Артета веќе е фаворит за позицијата на Арсен Венгер во Арсенал, пишува „Скај Спортс“.
 
Шпанецот, кој е поранешен играч на „топџиите“, а сега е помошник на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити, се смета за идеален за функцијата од страна на извршниот директор на тимот од Лондон, Иван Газидис.
 
Шефот смета дека Артета, иако нема искуство на ова ниво, е многу погоден за функцијата, бидејќи ги знае вредностите на клубот и ќе продолжи да ги развива и младите фудбалери.
 
Раководството на Арсенал работи напорно за пронаоѓање нов менаџер, а идејата е сигурно да се затвори прашањето пред почетокот на Светското првенство во средината на јуни.
 
Новиот тренер на „Емирати“ ќе има можност да донесе со себе и тим, откако со Арсен Венгер си заминува и неговиот штаб.