Connect with us

Други спортови

„АС“ објави во кој тим ќе оди Хамилтон: Ова е бомбата на деценијата во Формула 1

„Во Формула 1 се подготвува голема бомба“, е насловот на написот на шпански AС, во кој мадридскиот весник открива во кој тим ќе ја продолжи кариерата Луис Хамилтон (39).

„Блиску сме до потпишување на деценијата во Формула 1. Хамилтон е чекор поблиску до Ферари. Допрва треба да се постигне конечниот договор, но седумкратниот светски шампион сака да се обиде да ја освои осмата титула со црвениот болид.

Хамилтон треба да пристигне во Ферари во 2025 година, што значи дека Шпанецот Карлос Саинз ќе го напушти италијанскиот тим. Италијанците во Хамилтон гледаат возач кој заедно со Шарл Леклер ќе ги врати на врвот. Ферари ја чека титулата возач од 2007 година, а тимската титула од 2008 година.

Последната титула Хамилтон ја освои во 2020 година. Една година подоцна ја загуби титулата на последната трка, а потоа дојде доминацијата на Ред Бул и Макс Верстапен. Минатата сезона Хамилтон заврши на третото место со Мерцедес.