Фудбал
Асенсио се присетува на кошмарот: Треперам кога размислувам на тоа
Sвездата на Реал Мадрид, Марко Асенсио зборуваше за сериозната повреда што ја заработи на коленото, а тоа го оддалечи долго време од терените.
„Треперам кога ќе размислам, веднаш сфатив дека станува збор за сериозна повреда“, изјави Шпанецот за „Онда Церо“.
„Средбата со хирургот беше еден од најлошите моменти во мојот живот, бев во паника“, додаде Асенсио и продолжи:
„Ова се моменти кои никогаш нема да ги заборавам. По операцијата страдав многу, бев во инвалидска количка, не можев да водам нормален живот“.
„Не спиев повеќе од еден час или час и половина затоа што постојано го проверував коленото. Повредата ме промени. Сега сметам дека здравјето е поважно од било што“.