Фудбал
Аталанта во Рим му одржа лекција по фудбал на Лацио
Фудбалерите на Аталанта вечерва го победија Лацио со 4:1 на Олимпико во заостанатиот натпревар од првото коло во Серија А.
Аталанта му одржа фудбалска лекција на тимот на Лацио и заслужено стигна до трите бода. Гостите поведоа во десеттата минута кога мрежата на римскиот клуб ја затресе Госенс.
Гостите вечерва демонстрираа дека се работи за многу добро координиран тим. Аталанта дојде до вториот гол во 32. минута кога Хатебоер постигна по асистенција на Госенс.
Само девет минути подоцна резултатот беше 0: 3. Овој пат на сцената стапи Папу Гомез, кој брилијантно го матираше голманот на Лацио.
Римскиот клуб успеа да се врати во 57. минута и се чинеше дека има сили да се опорави од шокот. Домашните го намалија водството на 1: 3 со голот на Каисед, но тоа бееше се од нив вечерва.
Аталанта реши сè само четири минути подоцна на овој натпревар кога спектакуларен гол постигна Папу Гомез, кој ги постави конечните 4:1.
Сега Аталанта е втора со шест бода, додека Лацио е на 11. позиција со три освоени бодови.