Connect with us

Фудбал

Атлетико експресно најде замена за Врсаљко

Од синоќа стана јасно Шиме Врсаљко кариерата ќе ја продолжи во Интер, а додека се чека официјалната потврда за овој трансфер, од Мадрид стигна вест дека Атлетико веќе пронајде замена.

Судејќи според вестите од Шпанија, Атлетико во наредните денови ќе го ангажира Сантијаго Ариас, репрезентативецот на Колумбија кој доаѓа од ПСВ.

Ариас минатат сезона беше прогласен за најдобар играч во холандската лига, а Атлетико ќе го плати 13 милиони. Со обзир дека „Јорганџиите“ од позајмицата на Врсаљко ќе заработи 6.5 милиони евра плус 17.5 милиони ако Италијаните го откупат неговиот договор на крајот на сезоната, може да се каже дека шпанскиот великан добро помина.

Ариас веројатно не е ништо полош фудбалер од Версаљко, и двајцата имаат по 26 години, важи за борбен фудбалер, баш по мерка на Диего Симеоне кој во дефанзивната линија има вистински „војници“.

Сантијаго Ариас ќе биде четвртото засилување за Атлетико ова лето.