Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Атлетико го прегази Марсеј и по трет пат ја освои ЛЕ

Атлетико Мадрид дојде до својата трета титула во Лига Европа, откако го совлада Марсеј со 3:0. Прекрасен фудбал, како што доликува на едно големо европско финале можеше да проследи публиката на стадионот во Лион. Иако без тренерот покрај аут линијата Атлетико Мадрид одигра одличен натпревар и го совлада Марсеј.

Двете екипи започнаа храбро, со желба да постигнат гол и да го подигнат трофејот во Лига Европа. Марсеј одлично се справуваше со опасните напади на Атлетико, се до 21. минута, по несигурното избивање на Манданда, топката некако стигна до Гризман, на кој не му беше воопшто тешко да ја смести во голот и да го отвори резултатот. Со овој резултат заврши првата половина од оваа средба.

На самиот почеток на второто полувреме тргна уште пожестоко кон голот на Марсеј, па во 49. минута Гризман повторно, по асистенцијата на Коке, ја смести топката во голот и ја зголеми предноста на 2:0 за Атлетико.

 

Меѓутоа Марсеј не се откажуваше и на два гола негатива, особено добро играа кон крајот на натпреварот и успеаја да создадат неколку убави шанси но без реализација. Нападите на Марсеј кон крајот иако опасни не ги „уплашија“ фудбалерите на Атлетико, а тоа го докажа Габи кој во 89. минута го постигнува третиот гол за Атлетико и става точка на натпреварот.

Атлетико Мадрид е новиот шампион во Лига Европа, а за нив ова е трета титула во историјата во ова натпреварување.