Connect with us

Фудбал

Атлетико го претстави Лемар: Не ми требаше многу за да решам, навистина сакав да дојдам

Крилото Тома Лемар беше претставен официјално како ново засилување на Атлетико Мадрид. Шпанците го купија 22-годишниот играч за 70 милиони евра од Монако.

– Многу сум среќен што сум во Мадрид и сакам ова поглавје од мојата кариера да започне на најдобар можен начин, изјави светскиот шампион со Франција.

Лемар откри за време на настапот на „Ванда Метрополитано“ дека неговите соиграчи во тимот на „петлите“ – играчите на Атлетико Антоан Гризман и Лука Ернандез, исто влијаеле на неговата одлука да се приклучи кон „јорганџиите“.

– Атлетико се интересираа за мене подолго време и по она што Антоан и Лука ми го рекоа, навистина сакав да дојдам тука. Го одбрав Атлетико, бидејќи го сакам клубот и го следам доста време. И кога можноста дојде, не ми требаше многу време за да донесам одлука, додаде Лемар, кој ќе игра со бр.11 во новиот тим.

Од Монако му се заблагодарија на Твитер за перформансите на играчот во дресот на францускиот тим.