Connect with us

Фудбал

Атлетико Мадрид негира дека добива понуди за Облак

Атлетико Мадрид досега не добил ниту една понуда за голманот Јан Облак, соопшти претседателот на клубот Енрике Сересо.

Во шпанските медиуми пред извесно време се појавија гласини дека словенечкиот голман летово ќе го напушти Атлетико, бидејќи добива голем број понуди од клубови кои се заинтересирани да ја платат неговата откупна клаузула од 100 милиони евра.

– Никој досега не ни испрати понуда за Облак. Уверени сме дека тој ќе биде значаен дел од нашиот тим во следниот период, истакна Сересо.

Облак во Атлетико дојде во 2014 година, а договорот му важи до 2021 година.