Connect with us

Фудбал

Атлетико Мадрид славеше над Гетафе

Атлетико Мадрид со 2:0 славеше над градскиот ривал Гетафе во првиот натпревар од 18. коло од шпанската Ла Лига.

Головите за Атлетико ги постигнаа Анхел Кореа (18.минута) и повратникот во тимот Диего Коста (68.минута), кој за неговото славје со навивачите заработи втор жолт картон, односно црвен. Па предвреме мораше да го напушти теренот.

Со новите три освоени бодови и вкупно 39, Атлетико ќе остане на второто место на табелата, зад Барселона која има 45 и утре против Леванте ќе го одигра својот меч од ова коло.

Денеска пак на програмата се уште три натпревари.