Connect with us

Фудбал

Атрактивната Кинсли со влегувањето на теренот во финалето, на своето момче му донесе богатство

Атрактивна русокоса Кинсли Волан минатата ноќ накратко го прекина финалето на Лигата на шампионите помеѓу Ливерпул и Тотенхем.

Оваа 22-годишна жена, според добро планираното сценарио на нејзиното момче Виталиј Здоровски, позната ѕвезда на „YouTube“, истрча на теренот и го изрекламира неговиот порно сајт „Vitaly Uncensored“.

Влезот во финалето на Лигата на шампионите даде неверојатна популарност на оваа страница за возрасни, чија вредност скокна доживеа пораст до неверојатни 3,97 милиони долари, а влегувањето на теренот беше апсолутно исплатено.

Значи Витали покажа дека навистина има смисла за бизнис и лесно доаѓа до милиони долари.

Се огласи и момчето на атрактивната русокоса: „не можам да дочекам да те оженам“…

Во минатото, самиот Виталиј честопати влетуваше на важни настани, и често завршуваше зад решетки.

По влегувањето на неговата девојка на теренот, тој објави на Твитер фотографија и јасна порака.

“Не можам да дочекам да се оженам за тебе”, пишува Виталиј, а потоа додаде во Instagram:

“Мојата девојка влезе во финалето на Лигата на шампионите. Јас сум горд на тебе, се си ми ти” …