Connect with us

Други спортови

Аудио пораката на Ѓоковиќ снимена по ослободувањето од притвор: „Тебра, ослободен сум“

Се уште не се знае дали Новак Ѓоковиќ ќе игра на Австралија опен.

Последните информации велат дека тоа ќе се случи, судот пресуди во негова корист, но ништо не е готово.

Популарниот Ноле почна и со тренинзи, денеска беше потврдено дека и официјално е прв носител на турнирот, а сега се појави и аудио снимка по неговото ослободување од притвор.

Ѓоковиќ испрати порака до некој многу близок и накратко ја опиша моменталната ситуација.

Тебра, ослободен сум. Дома сум, засега се е ок, само објавувам соопштение, многу кратко. Играв и тенис, стигнав и тоа, засега сум слободен човек. Ќе видиме што ќе донесе утре“, вели првиот светски рекет во пораката.

Алекс Хук, австралискиот министер за имиграција, кој има право да му ја одземе визата на Ѓоковиќ, и покрај одлуката на судот дека е неоправдано укината по слетувањето во Австралија, сепак не донесува никаква одлука, а низвесноста и нервозата на Нолет и тимот сигурно расте..

Според информациите од Австралија, Хук се уште ја разгледува целата ситуација.

Наводно, федералната влада сега нашла нов „адут“ против Ѓоковиќ во Декларацијата за патување во Австралија, документ што мора да го пополнат сите што доаѓаат во оваа земја.

Ѓоковиќ наводно во тој документ навел дека не патувал никаде 14 дена пред да пристигне во Австралија на 5 јануари, а напротив бил виден на 25 декември минатата година на терените во Србија, а на 2 јануари тренирал во Шпанија.

Давањето лажни податоци во овој документ е сериозен прекршок и кривично дело.

Отвореното првенство на Австралија започнува на 17 јануари