Connect with us

Фудбал

Азар нема да заврши како Куртоа

Лондонскиот премиерлигаш Челзи ќе му понуди нов договор на Еден Азар вреден 17,5 милиони евра годишно и ќе го направи најплатен фудбалер на “Стемфорд Бриџ”, пишува „Дејли експрес“.

Челзи сака да го задржи во своите редови офанзивниот играч за врска, кој со години важи за најголема желба на претседателот на Реал (М), Флорентино Перез. Првиот човек на актуелниот европски клупски шампион е убеден дека само Азар може да го амортизира заминувањето на Кристијано Роналдо.

Поради таквата ситуација, раководните лица на лондонските “сини” ќе се обидат да ја продолжат соработката со белгискиот интернационалец и на тој начин да ја избегнат
ситуацијата со голманот Тибо Куртоа кој ова лето се пресели на “Сантијаго Бернабеу”, бидејќи му беше последна година од договорот.

Ако се согласи на новите услови, Азар ќе стане најплатен и ќе го прескокне Н’Голо Канте кој неодамна потпиша нов договор кој му гарантира годишна плата од 16 мил. евра годишна плата.