Connect with us

Фудбал

Бадељ и Кореа потпишаа за Лацио

Хрватскиот фудбалер Милан Бадељ официјално е нов играч на Лацио и потпиша петгодишен договор со италијанскиот клуб.

Хрватскиот фудбалер во Лацио дојде како слободен играч, откако на крајот од минатата сезона му истече договорот со Фиорентина.

Освен Бадељ, римскиот клуб го претстави и аргентинскиот фудбалер Хоакин Кореа, кој дојде од Севиља за 16 милиони евра. Кореа исто така потпиша петгодишен договор со Лацио.