Connect with us

Фудбал

Баер го изненади Вердер на гости

Баер од Леверкузен во деветтото коло од германското фудбалско првенство како гостин го изненади Вереде солвадувајќи го дури со 6:2.

Головите за „аптекарите“ ги постигнаа Кевин Воланд во 8, Јулијан Бранд во 38, Карим Белараби во 45, Каи Хверц во 67 и Александар Драговиќ во 72 минута а во 77-та автогол си постигна Себастијанб Лангкапм. Стрелци за домашните беа веќе 40-годишниот Клаудио Пизаро во 60 и Јаја Осако во 62 минута.

Со победата Баер Леверкузен направи пробив на табелата до 12-то место со 11 бодови, а Вердер ја пропушти шансата да се врати на втората позиција со бод заостанување зад водечката Борусија Дортмунд која ремизираше дома со Херта во саботата. Остана на 17 бодови и е на 4-то место, а пред него се Борусија од Менхенгладбах со 17 и вториот Бааерн Минхен со 19 бодови.

Нирбебрг на домашен терен одигра 1:1 против Ајнтрахт од Франкфурт, а госите израмнија во втората минута од судиското продолжение со погодокот на Себастијан Халер, откако домашните водеа од 78 минута преку Адам Зрекал.

Нирнберг не направи напредување на табелата и е 14-ти со девет бодови, а Ајнтрахт е седми со 14 бодови.

РБ Лајпциг и Шалке одиграа без голови. Домаќините на овој дуел сега имаат 16 бодови и паднаа на петтото место, а Шалке 04 е само едно место над зоната за квалификации за понизок ранг, 15-ти е со седум бодови.