Connect with us

Фудбал

Баер Леверкузен и Алонсо се апсолутни европски рекордери со најдолга серија без пораз, закажаа финале во ЛЕ со Аталанта (ВИДЕО)

Баер Леверкузен ќе игра финале во ЛЕ откако синоќа одигра 2:2, па со вкупни 4:2 ја елиминираше Рома. Пресуден беше првиот меч во Рим кога избраниците на Чаби Алонсо славеа со 2:0. Рома синоќа имаше 0:2 со головите на Парeдес во 43-та и 66-та, но потоа во вториот дел со автоголот на Манчини во 82-та и Станишиќ во седмата минута од судиското продолжение Леверкузен се пласираше во финалето.

Баер Леверкузен го собори рекордот кој до вечерва го делеше со Бенфика од 48 натпревари без пораз во сите натпреварувања, а од синоќа е европски рекордер.

Во финалето на ЛЕ, Леверкузен ќе игра против Аталанта која синоќа со 3:0 го совлада Марсеј, па со вкупни 4:1 ќе се борат за пехарот.