Фудбал
Баерн донесе уште едно засилување на крајот од преодниот рок
На крајот од преодниот рок, Баерн договори доаѓање на друг фудбалер на позајмица.
Барем така тврдат германските медиуми, а станува збор за младиот играч за врска на Бенфика, Тијаго Дантас.
Овој млад фудбалер има 19 години, а дебитираше за првиот тим на Бенфика минатата сезона. Покрај тоа, тој беше капитен на младиот тим на Бенфика кој го одигра финалето во Лигата на шампионите против Реал Мадрид.
Баерн го препозна неговиот квалитет и го донесе на позајмица, а на крајот на сезоната ќе има можност да го откупи неговиот договор.