Фудбал
Баерн ги крши своите принципи поради Хари Кејн
Германскиот гигант Баерн Минхен ќе направи се за да го доведе напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн следното лето, објавија денеска германските медиуми.
Шампионот на Бундеслигата стапил во контакт со претставниците на Кејн преку посредник минатото лето, но капитенот на Англија одлучил да остане во Тотенхем, објави Скај Германија.
Без разлика, Баерн верува дека може да го убеди Кејн да потпише договор пред се заради освојување трофеи, бидејќи тимот секоја сезона е фаворит за титулата во Бундеслигата и еден од оние кои можат да се борат и за титулата во Лигата на шампионите.
Исто така, Баерн е заинтересиран за напаѓачот на Лил Џонатан Давид, објави “Goal”, за кого е заинтересиран и Челзи.
Давид сака на лето да го направи следниот чекор во кариерата и да се пресели во еден од најсилните европски клубови по одличните сезони во Лига 1, поради што минатото лето ја одби можноста да се пресели во Евертон.
Иако Баерн има репутација на „штедач“, управата на клубот се чини дека најавува пресврт во ваквиот бизнис, па во последните години потроши многу пари за да има конкурентен тим во европски рамки.