Connect with us

Фудбал

Баерн го гледа Дембеле како идеален наследник на Коман

Каталонскиот гигант следното лето ќе се обиде да го трансферира фудбалерот на Барселона

Баерн Минхен го насочи својот нишан кон фудбалерот на Барселона, Усман Дембеле.

Баварскиот гигант всушност го издвои дотичниот играч како идеален следбеник на Кингсли Коман.

Ова го пренесува францускиот медиум „Л’Екип“.

Договорот на Коман истекува во 2023 година и преговорите меѓу страните се заглавени.

Поради оваа причина, германскиот шампион претпочита да го продаде крилниот напаѓач оваа година пред тој да стане слободен агент.

Во меѓувреме со парите што би ги заработил од неговата продажба би се обидел да го купи Дембеле.

Дембеле не се покажа доволно на „Камп Ноу“ и може да си замине на крајот од оваа сезона.

Коман во меѓувреме е баран од Пари Сен Жермен.