SPORTM.mk
Баерн го совлада Челзи, Барса се извлече од пораз
Фудбалерите на Баерн Минхен го совладаа Челзи во првиот натпревар од осмото финале во Лигата на шампионите на стадионот „Стемфорд Бриџ“ (0-3), Барселона ремизираше на гостувањето кај Наполи (1:1).
Баерн создаде неколку шанси уште во првото полувреме преку Левандовски кој се „закани“ двапати, прво во 15. а потоа во 27. минута, но резултатот остана непроменет.
Резултатот го отвори Гнабри во 51. минута од натпреварот, по одличната асистенција на Левандовски. По само три минути игра, Повторно Гнабри ја затресе мрежата на Челзи и зголеми на 0:2.
Крај на сите надежи на екипата од Лондон стави Левандовски кој во 76. минута од натпреварот ги постави конечните 0:3.
„Баварците“ сега имаат одлична предност на повратниот натпревар кој го играат на домашен терен, па сега останува да видиме како ќе одговори Челзи на оваа висока предност на германскиот клуб.
Во Италија, Наполи ја пречека Барселона. Домашната екипа покажа значително подобра игра во првото полувреме и во 30. минута со голот на Мертенс доаѓа до водство од 1:0.
„Каталонците“ изгледаа непретпознатливо на теренот. Во првото полувреме не успеаа да испратат ниту еден шут кон голот на Наполи.
Единствениот шут кон голот, беше тој на Гризман кој во 57. минута од натпреварот го изедначи резултатот на 1:1 и ја спаси Барселона од пораз.
Сега останува да видиме што ќе се случи на потратниот натпревар кој ќе се одигра во Барселона.