Connect with us

Фудбал

Баерн испадна од Лигата на шампионите!

Фудбалерите на Баерн испаднаа од Лигата на шампионите откако вечерва ремизираа со Виљареал (1-1) во Минхен во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Баерн во последно време не е на своето ниво, како што покажаа дуелите со Жолтата подморница, но никој не очекуваше германскиот тим да се збогува од Лигата на шампионите.

Во првиот меч Баерн беше поразен со 1-0, па под притисок го чекаше реваншот на „Алијанц арена“, но пред полни трибини германскиот шампион потфрли, иако до финишот на мечот водеше со 1-0.

Баерн од стартот на натпреварот очекувано ја презеде иницијативата, но не успеа лесно да им се закани на гостите од Шпанија.

Без реални можности практично во првиот половина час, освен ударот со глава на Мусиале, кој директно отиде во рацете на голманот на Виљареал.

Виљареал се бранеше доста добро во првите 45 минути, чекајќи ја својата шанса преку контранапад, а еден таков во 41. минута му даде отворен пат на Данџум кон голот на Баерн, но тој очајно шутираше, но и да постигнеше немаше да вреди. бидејќи беше во офсајд.

До крајот на првото полувреме Морено се уште имаше шанса за гостите, но беше непрецизен. Се на се, доста солидно полувреме, но се очекуваше повеќе од Баерн, кој сепак во продолжението ги разби гостите.

Голот дојде во 52. минута, кога Роберт Левандовски со додавање на Мулер успеа да се ослободи од голманот, на крајот со удар од земја да го постигне 13. гол во Лигата на шампионите оваа сезона.

До крајот фудбалерите на Баерн се обидоа да постигнат уште еден гол и со тоа да обезбедат пласман во полуфиналето, но Виљареал се одбрани, па целосно го шокираше домашниот тим.

Резервистот Чуквуезе го совлада Нојер во 88. минута на асистенција на Морено за целосен колапс на Баерн и збогување со Лигата на шампионите. Остануваше уште малку време, но Баерн не успеа да постигне уште еден гол.

Виљареал најверојатно во полуфиналето ќе игра против Ливерпул, кој има 3:1 од првиот меч против Бенфика. Овој тим претходно го исфрли Јувентус во осминафиналето, а изгледа како „нагазна мина“, а Унаи Емери е експерт за вакви натпревари од нокаут фазата.