Connect with us

Фудбал

Баерн ја прекина успешната серија на ПСЖ

Баерн Минхен му го нанесе првиот пораз на Пари Сен Жермен во последното (шесто) коло од Лигата на шампионите, откако синоќа славеше на домашен терен со 3:1.

Сепак, победата за Баварците не беше доволна да завршат на првото место во Б-групата со оглед на поразот во Франција од 3:0.

Покрај ПСЖ и Баерн, осминафинале во елитното фудбалско натпреварување изборија:  Манчестер Јунајтед, Базел, Рома, Челзи, Барселона и Јувентус.

Резултати од 6.коло и конечен пласман сегмент А-Д:

А-група: Манчестер Јунајтед – ЦСКА Москва 2:1, Бенфика – Базел 0:2.
Табела: Манчестер Јунајтед 15 бода, Базел 12, ЦСКА Москва 9, Бенфика 0.

Б-група: Баерн Минхен – ПСЖ 3:1, Селтик – Андерлехт 0:1.
Табела: ПСЖ 15 бода, Баерн 15, Селтик 3, Андерлехт 3.

Ц-група: Челси – Атлетико Мадрид 1:1, Рома – Карабах 1:0.
Табела: Рома 11 бода, Челси 11, Атлетико Мадрид 7, Карабах 2.

Д-група: Барселона – Спортинг 2:0, Олимпијакос – Јувентус 0:2.
Табела: Барселона 14 бода, Јувентус 11, Спортинг 7, Олимпијакос 1.