Connect with us

Фудбал

Баерн ќе го убедува Хајнкес да остане и следната сезона

Претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес уште еднаш го изнесе ставот на клубот да ја продолжи соработката со тренерот Јуп Хајнкес барем уште една сезона.

Баварскиот тренер планира да се повлече од функцијата во текот на летото, но раководството на баварскиот клуб прави се што е можно да го задржи.

– Се обидувам да му објаснам на Јуп дека неговата мисија во Баерн се уште не е завршена. Тој треба да ја направи транзицијата од поискусните со помладите и се надевам дека ќе можам да го убедам да остане уште една година, изјави Хенес.

Во Баерн сакаат да ја имаат конечната одлука на Хајнкес пред почетокот на март. Дотогаш, клубот нема да разговара со потенцијалниот негов наследник. Меѓутоа, ако Хајнкес остане на одлуката за пензионирање, Томас Тухел е најсериозниот претендент за нов предводник на Баварците.

Во Бундеслигата Баерн е убедлив лидер, а во Лигата на шампионите во осминафиналето го очекува пресметка со Бешикташ.