Connect with us

Фудбал

Баерн конечно до победа, Бурусија немилосрдна

Баерн во осмото коло од Бундеслигата славеше на гостувањето кај Волфсбург, Борусија Дортмунд издвојува висока победа на гостувањето кај Штутгарт.

Баварците беа во криза, но по неколку недели „суша“ дојдоа до победа на гостувањето кај Волфзбург (3:1).

Стрелци за гостите од Минхен беа два пати Левандовски (30. и 48.) и еднаш Хамес Родригес (72.), а Рубен во 57. минута боди црвен, односно втор жолт картон. Единствениот гол за Волфзбург го постигна Вегхорст (63.).

Борусија Дортмунд продолжува да гази. Денеска го совладаа и Штутгарт со 4:0 со головите на Санчо Џејдон (3.), Марко Ројс (23.), Пако Алкасер (25.) и Максимилиан Филип (85.). Милиониерите се први со 20 бодови, четири повеќе од Баерн и пет повеќе од Лајпциг.