Connect with us

Фудбал

Баерн Минхен го совлада ПСЖ, Нико Ковач дебитираше со триумф

Баерн Минхен го совлада ПСЖ со 3:1 на Интернационалниот куп на шампионите во Клагенфурт.

Двата тима настапија со комбиниран состав, а ПСЖ поведе со голот на Тимоти Веа во 31-та минута.

Баерн под водство на новиот тренер Нико Ковач во вториот дел направи целосен пресврт и  во 60-та минута израмни со голот на Хави Мартинез, осум минути подоцна Ренато Санчез погоди за 2:1, а конечниот резултат од 3:1 го постави Џошуа Зиркзе.

На овој натпревар на голот на ПСЖ бранеше и новиот голман Џанлуиџи Буфон.