Connect with us

Фудбал

Баерн Минхен ја доби битката за 16 годишниот „вундеркид“ Алекс Андерсон

Во текот на летнио преоден рок, Баерн Минхен беа доста тивки и се насочени кон инвестиции во иднината на клубот, а најновата информација која ни пристигнува од редовите на германскиот фудбалски гигант е тоа дека е обезбеден уште еден потпис на суперталентиран играч.

Станува збор за шведскиот „вундеркин” Алекс Тимоси Андерсон, офанзивен играч за врска кој има само 16 години, а кој со своите изданија за Хелсингборг го сврте вниманието на големите европски клубови кои се најдоа во ситуација да се борат за неговиот потпис.

Андерсон пред извесно време беше дел од тренинг кампот на Манчестер Јунајтед, а иако се веруваше дека „ѓаволите” се главни фаворити за обезбедување на неговиот потпис, Баерн некако успеал да направи пресврт и денеска го потврди неговиот ангажман.