Connect with us

Фудбал

Баерн наскоро добива нов тренер

Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ соопшти дека германскиот шампион наскоро ќе објави кој ќе го наследи Јуп Хајнкес на тренерското место.

Баварците се вратија на победите под водство на 72-годишниот Хајнкес, но тој со оглед на возраста е само привремено решение.

Во Баерн веќе размислуваат кој може да го наследи Хајнкес и некои од условите што треба да бидат клучни за изборот веќе се поставени. Новиот тренер мора да го знае германскиот јазик, тој мора да му даде на тимот препознатлива игра и да има неколку тактички системи.

Според Салихамиџиќ, прашањето за новиот тренер на Баерн треба да се реши на почетокот на следната година.

– На крајот на јануари или на почетокот на февруари, би требало да бидат појасни работите. Мораме полека да се одлучиме кој ќе биде новиот тренер, истакна Салихамиџиќ.

Во изминатиот период како кандидати за клупата на Баварците се спомнуваа Нико Ковач, Јоаким Лев, Јирген Клоп, Томас Тухел …